ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА „БРАВО ПРОМОЦИЈА“

Согласно  Законот за игрите на среќа и на забавните игри, се утврдуваат следните правила на Наградната игра:

1. Назив и седиште на трговското друштво кое е организатор на наградната игра:

- Организатор на Наградната игра „Браво Промоција“ е Друштво за производство,трговија и услуги ЕУРО-ГРАНДС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул.Јадранска Магистрала бр.62, Скопје;

- Организаторот може да биде контактиран и на е-маил: eurogrands.mk@gmail.com;

 

2. Производи заради чие рекламирање се приредува Наградната игра:

- Наградната игра се организира заради рекламирање на производите Браво сокови во сите малопродажни места.

 

3. Име, опис и времетраење на Наградната игра:

- Официјалното име на Наградната игра е „Браво Промоција“;

- „Браво Промоција“ е Наградна игра е организирана да се рекламираат  производите на Браво 1,5 и 0,5 l во ПЕТ амбалажа и Браво лименка од 0,33 l. Услов за учество е да се купи некој од наведените производи, кој поседува тн. QR код кој означува дека производот поседува 9-цифрениот алфа нумерички код со се учествува во нагадната игра. Бројот на купени производи не е ограничен, а учеството во Наградната игра е преку регистрација на налог или внесување на лични податоци (име, презиме, валидна e-mail адреса) на веб страната rauch.cc/bravopromo/ и пополнување на 9-цифрениот алфа нумерички код во полето назначено за таа намена.

- Учесниците во Наградната игра по случаен избор  може да добијат некоја од следните награди: 8 - Apple iPhone 13 (главна награда, 4 месечно), 72 -Пакети Браво 1 l тетрапак производи (споредна награда, 36 месечно).

- Наградната игра започнува на 1 - ви Април 2022 година со почеток во 00:00 часот и завршува на 31.05 2022 во 23:59 часот;

- Правилата на Наградната игра, начинот и условите за учество, како и нејзиното времетраење, Организаторот ЕУРО-ГРАНДС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ќе ги објави на веб страната rauch.cc/bravopromo/, по добивање на согласнoст од Министерството за финансии, а пред почетокот на наградната игра.

 

 

4.Територија

- Наградната игра се организира и спроведува само на територија на Република Северна Македонија за сите полнолетни лица, државјани на РСМ.

- Учеството не е дозволено за вработени лица кај Организатоторот како и членовите на нивните потесни семејства.

 

5.Рекламирање

- Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми (интернет), билборди и печатени материјали на местата на продажба - постери и обележувачи.

 

6.Награден фонд

- Наградната игра располага со фонд на награди од вкупно 80 производи. Вкупниот максимален награден фонд за целотовреметраење на наградната игра изнесува 469,824.00 денари со ДДВ. Поединечната вредност на секоја од наградите која ќе се доделува е:

 

Буџет на наградната игра:

Фирма

Артикл

количина

Цена со ДДВ

Вкупен износ со ДДВ

Apple

Apple iPhone 13

8

54,516.00

436,128.00

  Раух Австрија

Пакети Браво 1 l тетрапак производи

72

       468.00

33,696.00

Вредностите во табелата се изкажани во денари;

- Одговорноста за исправноста на доделените производи како и за нивната гаранција поѓа на товар на добавувачот. Количините на награди од Наградната игра се дефинирани во погоре наведената табела и без согласност на Министерството за финансии нема да бидат доделени повеќе награди. Не постои можност од замена на награди со други парични награди или друг тип на награди од иста вредност.

 

7. Услови за учество во наградната игра

Во Наградната игра право на учество имаат потрошувачи кои:

- Купиле производи од асортиманот на Браво во маркетите и други продажни места  каде се врши продажба на назначените производи во наградната игра на целата територија на РСМ без ограничена количина.

- За учество во Наградната игра, учесникот должен е да го пополни формуларот за учество со лични податоци (име, презиме, валидна e-mail адреса) на веб страната rauch.cc/bravopromo/ и потоа внесувајќи го 9-цифрениот алфа нумерички код во полето назначено за таа намена. Механизмот е подетално опишан во точките кои следат:

a. Учесникот ќе добие код купувајќи било кој од производите од пакувањата на Браво 1,5 и 0,5л во ПЕТ амбалажа и Браво лименка од 0,33л кои поседуваат тн QR код испечатен на самата амбалажа и кој означува дека производот поседува код со кој потрошувачот може да учествува во наградната игра. 9 цифрениот алфа-нумерички кодот се наоѓа испечатен на внатрешната страна на капачето односно затворачот на горенаведените производи.

b. Учесникот мора да ја посети почетната web страна rauch.cc/bravopromo/, било со рачно внесување на веб локацијата во интернет прелистувач или со скенирањен на тн QR код, кој го носи учесникот на истата гореспомната веб локација.  За да го регистрира своето учеството во Наградната игра, учесникот ги  внесува своите податоци (Име, Презиме валидна е-mail адреса) или креира свој налог и избира лозинка со што е овозможено да се внесат повеќе кодови. При повторно најава со креираната комбинација на е-маил адреса и лозинка, секој учесник ќе може да ги прегледа кодовите кои ги внесол. Секој код може да учествува само по еднаш во едно од извлекувањата. (При секое следно месечно извлекување учествуваат само кодовите регистрирани во периодот по претходното извлекување)

c. Секој код може да биде добитен, бидејќи ниту еден код не е поврзан со одредена награда.

- Добитниците на наградите ќе бидат известени по пат на електронска пошта на сопствената е-маил адреса внесена при регистрацијата, кога дополнително ќе им биде побарано да достават детална адреса и контакт телефон за доставата на наградата. Трошоците за достава ги сноси Организаторот. Доколку во рок од 3 работни дена, добитникот, по емаил, не потврди дека ја прифаќа наградата, односно не достави целосни податоци за достава, ќе се смета дека се откажува од наградата, која потоа може да се додели на друг учесник, повторно по случаен избор. Добитниците се одговорни за внесувањето на точни податоци за контакт. Ако добитникот не е достапен поради нецелосни или неточни податоци, нема да има обид за повторена достава. Во случај на неприфаќање на наградата, или невозможност да се достави, наградата по повторно извлекување ќе биде доделена на друг.

- Во Наградната игра забрана за учество имаат лица кои за времетраењето на Наградната игра се вработени кај  Организаторот, како и членови на нивните потесни семејства;

Доколку извлечениот случаен добитник е вработен кај Организаторот или пак е член на неговото потесно семејство нема да има право на награда и ќе биде заменет друг учесник повторно по случаен избор кој ги исполнува условите и правилата на оваа Наградна игра.

Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени кај Организаторот.

Со пополнување на формуларот за учество во Наградната игра учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и се согласни со истите.

 

8.Извлекување на добитниците на Наградната игра

- Добитниците ќе се извлекуваат на месечно ниво во дадениот период од 01-ви Април до 1-ви Јуни 2022 година, по случаен избор од сите учесници кои се регистрирале и соодветно ги пријавиле своите податоци, како и пријавиле код на веб страната на наградната игра во периодот кој претходи на месечното извлекување,  и тоа по следниот распоред:

a. Првото извлекување ќе се одржи на 03.05.2022 година во 12 часот;

b. Второто извлекување ќе се одржи на 01.06.2022 година во 12 часот;

- Извлекувањето ќе се одвива во присуство на тричлена Комисија формирана за таа цел во седиштето на Организаторот на ул. Јадранска Магистрала бр.62, Скопје и со дополнително присуство на нотар.

- Учесниците ќе бидат избрани по случаен избор при месечните извлекувања од база учесници со внесени соодветни алфа нумерички кодови од Microsoft Excel база на податоци.

- Секој код може да учествува само еднаш во едно извлекување. Недобитните кодови при месечното извлекување не учествуваат во следното месечно излекување на награди. Само кодови од учесниците пријавени во периодот по претходното извлекување учествуваат во извлекувањето со подоцнежен датум.

 

9. Објавување на резултатите

- Резултатите од извлекувањето на месечно ниво  ќе бидат објавени на веб страната на rauch.cc/bravopromo/ во рок од 7 дена од секое извлекување, а добитниците дополнително  ќе бидат известени и  по е-маил;

 

- Учесниците се согласуваат да бидат известени по пат на е-маил во случај на добивка и објавени на веб страната rauch.cc/bravopromo/

- Со учеството во Наградната игра, учесниците потврдуваат дека се согласуваат да дозволат процесирање на нивните податоци во рамките на наградната игра и извлекувањето, како и да бидат употребени од страна организаторот за промотивни известувања за постоечките и нови производи од брендовите на Раух Австрија.

- Учеството е возможно само во наведниот период. Самото учество во наградната игра е на доброволна основа и за него не се наплаќа надоместок. Учеството е возможно само преку регистрација на горенаведената веб страна. Само целосно пополнететите апликации и кодови како што е назначено во овој член, ќе можат да учествуваат во наградната игра.

- Учесниците кои ќе ги повредат на било кој начин условите за учество наведени тука можат да бидат исклучени од организаторот во кое било време.

 

10. Доделување на наградите

- Наградите ќе бидат доделени во рок од 7 дена од објавувањето на добитниците;

- Наградата не може да се пренесе на друго лице. Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет;

- Наградата ќе биде доставена на адресата наведена од страна на учесникот. Трошоците за достава ги сноси Организаторот.

 

11. Одговорност

- Целокупникот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот ЕУРО-ГРАНДС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје;

·      Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата;

- Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во Наградната игра на сопствен ризик;

- Со самото учество во Наградната игра учесникот се согласува доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци јавно да бидат објавени;

- Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради не можност потенцијаниот добитник или негов претставник да се јави за да остави податоци за достава на наградата во определените рокови или поради други технички пречки или правни пречки врзани со конкретниот добитник и поради околности од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности;

- Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорен.

 

12. Прекинување на Наградната игра

- Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја и по добиена согласност од Министерството за финансии.

- Во овој случај Организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на Наградната игра, а истото ќе го направи преку соопштение во медиумите.

 

13.  Задолжителни права

- Сите учесници се обврзани со правилата на Наградната игра „Браво Промоција“, и истите ќе бидат јавно објавени на веб страната rauch.cc/bravopromo/  по добивање на согласност од Министерството за финансии, а пред почетокот на наградната игра ;

- За дополнителни информации учесниците може да го контактираат Организаторот на е-маил: eurogrands.mk@gmail.com;

 

14.  Завршни одредби

- Со исполнување на правилата за учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила се задолжителни за учесниците и истите ќе се применуваат по добивање на согласнсот од Министерство за финансии на РСМ и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигање на наградите.

Организатор на наградната игра - Еуро-Грандс ДООЕЛ

Јадранска Магистрала 62, 1000 Скопје