Промоција „RAUCH Yippy Travel Fun"

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

 

1. Правила за учество

1. Предмет

1.1 Овие правила го одредуваат учеството во промоцијата „RAUCH Yippy Travel Fun" на Еуро-Грандс ДООЕЛ, ул. Хасан Приштина 62, 1000 Скопје (понатаму “Организатор”)

1.2 Организаторот е одговорен за заштита на податоците

1.3 Организаторот може да биде контактиран на eurogrands.mk@gmail.com

1.4 Со учеството во промоцијата „RAUCH Yippy Travel Fun" учесниците ги прифаќаат условите за учество. Учеството е овозможено само врз основа на овие услови за учество

 

2. Учество

2.1 Учеството во извлекувањето за промоцијата „RAUCH Yippy Travel Fun" започнува на 20.08.2025 во 00:00 часот и завршува на 30.09.2025 во 23:59 часот.

2.2 Само на резиденти на Северна Македонија кои се 18 години или постари им е дозволено учеството во промоцијата. Учеството е возможно само во свое име.

2.3 Individuals who work for the organizer or its affiliated companies or for companies entrusted with the conception or execution of the competition are excluded from participation. This also applies to close relatives (= spouse, life partner as well as direct relatives) of this group of persons.

2.3 Учеството не е дозволено за вработени лица кај Организаторот или поврзани компании, како и членови на нивните потесни семејства.2.4 Учестовото во „RAUCH Yippy Travel Fun" на Еуро-Грандс ДООЕЛ, ул. Хасан Приштина 62, 1000 Скопје, е возможно со комплетно и коректно пополнување на формуларите со лични податоци и контакти на www.rauch.cc/travel. Добитниците ќе бидат извлечени по случаен избор од сите учесници. Извлекувањето ќе се врши во присуство на комисија делегирана од Организаторот. Добитниците ќе бидат известени по пат на електронска пошта.

2.5 Учесниците ќе бидат известени по пат на електронска пошта, само во случај на добивка, а добитниците ќе бидат објавени на www.rauch.cc2.6 Учеството е возможно само во наведениот период. Учеството е по слобoдна волја, бесплатно и без обврска за купување. Учеството ќе се одвива само на наведената веб локација.

2.7 Повеќекратно учество не е дозволено

2.8 Добитниците ќе бидат одбрани електронски по случаен избор

 

3. Правила за однесување, одговорност и обесштетување

Учесниците кои ќе ги прекршат правилата за учество може да бидат исклучени од учестовото во промоцијата од Организаторот во било кое време, особено кон лицата кои не ги задоволуваат критериумите за полнолетство.

 

4. Следните награди ќе бидат извлекувани и доделени на на добитници

А) 15 фамилијарни сета посета на 7D Planet Скопје

Б) 25 Јипи сета со награди составен од -1 столче за кампување, 1 фризби, 1 перниче и 1 Јипи топка

Ц) Наградите можат да се комбинираат

 

5. Управување со промоцијата

5.1 Добитниците ќе бидат избрани електронски на 03.10.2025 по случаен избор од сите учесници кои ги задоволуваат критериумите за учество на наведениот датум

5.2 It is not possible to settle the profit in cash, in other material assets or to exchange or transfer the benefits to other persons. A winner may waive the prize.

5.2 Замената на наградите парично или со некоја друга вредност не е возможна како и пренесувањето на наградите на други лица. Добитниците имаат право да се откажат од наградите.

5.3 Учесниците ќе бидат известени по пат на електронска пошта и испратени на адресата наведена при пријавувањето, од страна и на трошок на организаторот. Испораката е возможна само на територијата на Република Северна Македонија. Доколку добитниците не достават свои податоци во рок од 3 календарски дена по известувањето и потврдата за прифаќање на наградата, истата ќе се додели на друг учесник во промоцијата. Учесниците во наградната промоција се одговорни за точноста на податоците. Во случај добитниците да не можат да бидат контактирани, поради недоследни или нецелосни податоци, повторниот обид за испорака ќе биде на нивна сметка. Во случај на неприфаќање на наградата или невозможност таа да биде испорачана, наградата ќе биде доделена на друг случајно избран учесник. Нов обид за испорака не е гарантиран.

5.4 Побарувањата за обесштетување во горенаведените случаи на неможност за достава, не се овозможени.

5.5 Организаторот го задржува правото да ја ограничи или прекине промоцијата во било кое време без дополнителни известувања и без наведување на причини. Учесниците не можат да изведат право на награда по овој основ.

 

6. Гаранција

6.1 Организаторот не гарантира право на учество ниту овозможување на техничка возможност за партиципација во промоцијата.

6.2 Организаторот не е одговорен за пропуштените шанси за учество и добивка

 

7. Одговорност

7.1 Учесниците ги прифаќаат ограничувањата и исклучувањето од одговорност на организаторот во наведените случаи.

7.2  Одговорност постои само во случај на намерно нанесена штета или негрижа. Секоја друга одговорност од страна на организаторот е исклучена.

7.3 Ова иклучување и ограничување од одговорност на организаторот, исто така се однесува и личната одговорност на вработените лица или претставниците на организаторот

7.4 Организаторот не е одговорен за исправноста на информациите, особено во случај на неавторизирано менување, било поради фалсификување од трети лица, како и поради технички или софтверски грешки, прекинат трансфер на податоци или виша сила.

 

8. Законски регулативи, останато

8.1 Оваа промоција се изведува под важечката законска регулатива на Република Северна Македонија

8.2 Доколку некои од условите за учество во наградната промоција станат невалидни делумно или во целост, организаторот ќе придржува до останатите услови или ќе побара слични механизми и регулативи кои во економски смисол ќе овозможат понатамошно изведување на промоцијата. Истото ќе се применува mutatis mutandis и во случај на пронаѓање на недостаток во правилата и условите на промоцијата.

 

9. Право на измена

Организатотор има право да ги измени или замени сегашните правила и услови за учество во било кое време, без наведување на дополнителни причини.

 

Заштита на податоци

Заштитата на податоци е важна за нас. Rauch Fruchtsäfte GmbH & Co OG in A-6830 Rankweil, како субјект одговорен за заштита на личните податоци, ве информира околку процесот и содржината на податоците кои ги користиме при учестовото во оваа промоција.

 

А. Одговорен субјект

Субјектот одговорен за процесирање на вашите податоци е:

Rauch Fruchtsäfte GmbH & Co OG

A-6830 Rankweil, Langgasse 1

T 0043 (0)5522 401-0; E datenschutz@rauch.cc

 

Кои податоци се прибираат и со каква намена

Ги процесираме личните контакт податоци кои ни ги доставувате при пријавата во наградната промоција. Немате обврска да ги доставите овие податоци, но доколку податоците се нецелони, учеството во партиципацијата нема да биде возможно.

Ги процесираме личните контакт податоци за да ги регистрираме сите учесници во наградната промоција со цел правилно изведување на истата според важечките правила и услови, и за да можеме да ги известиме добитниците.

Законската основа за прибирање на податоците произлегува од легитимниот интерес кој го имаме за изведување на оваа промоција. Приговор околу прибирањето и процесирањето на овие податоци ви е овозможен.

Дополнително на личните контакт податоци ги процесираме и сликите или графички материјал кој ни го доставуваат учесниците во промоцијата. Ги процесираме овие материјали со цел за успешно спроведување на наградната промоција според важечките правила и услови за учество.

Законската основа за прибирање на слики и графички материјали и нивна обработка произлегува од легитимниот интерес кој го имаме за изведување на оваа промоција. Приговор околу прибирањето и процесирањето на овие материјали ви е овозможен.

 

Корисник на податоците и временска рамка за нивно користење

Во нашата компанија, вработение имаат пристап до податоците кои им требаат за изведување на нивните работни обврски

Податоците релевантни за одредени работни обврски исто така се достапни и до надворешни соработници, кои се одговорни за нивно прибирање и обработка, или доколку е тоа потребно поради законски регулативи.

а.) Нашиот надворешен (под договор) провајдер на IT услуги Inscript GmbH, 6850 Dornbirn, Austria.

б.) Адмистративни и судски институции, или нивни претставници во законски рамки при достапните правни процеси

Горе наведните субјекти или организации се основани во ЕЕЗ

Наведните податоци или графички материјали ќе бидат избришани 12 месеци по завршувањето на наградната промоција, освен во случаи на регистирани побарување за отштета или доколку постојат правни прични кои побаруваат нивно подолго чување.

 

Права на засегнатите страни

Во согласност со регулативите за заштита на податоците, правото на известување, измена, бришење, повлекување и ограничувања на согласноста за користење на податоците, како и правото на пригивор, се сите овозможени за засегнатите страни.

Овие права се овозможени и можат да се применат преку контактите наведени подолу. Доколку имате некои прашања околу обработката на вашите податоци, ве молиме контактирајте не преку нив.

Имате право на приговор до авторизираните институции за заштита на податоците доколку верувате дека вашите права се повредени. Во Австрија, одговорна институција за заштита на податоците е Бирото за заштита на податоци во Виена.

Колачиња

Претходно зачуваните колачиња можат да бидат избришани. Доколку одлучите да ги одбиете колачињата на нашиот сајт, имајте впредвид дека одредени функционалности можат да бидат оневозможени или нецелосни.