• thumbnail

    Витамин Ц: Добар за имунолошкиот систем

    < 1 Minute | 8393

Витамин Ц: Добар за имунолошкиот систем

Силниот имунолошки систем не штити од вируси и останати птетни влијанија и така придонесува да останеме здрави. Витаминот Ц особено, ни помага да го зацврстиме нашиот имунолошки систем. Тој истотака е поврзан и со процеси на метаболизмот и е составен дел од врзните ткива, нашите коски и заби пред сѐ. Бидејќи нашето тело не може самостојно да произведе витамин Ц, мора да го внесеме преку храна и пијалоци.

Специјалната заштитна функција на витаминот Ц е неговиот ефект на антиоксиданс. Ова ги штити нашите клетки од слободните радикали, кои се особено штетни супстанци кои настануваат како последица од загадувањето, пушење, претерана физичка активност или како дел од имунолошкиот систем. Тие знаат да ги нападнат клетките и ткивата и витаминот Ц е тука да ги пресретне и да ги деактивира.

Балансираниот начин на исхрана, во која има висок процент на овошје и зеленчук ви ги обезбедува препорачните дневни дози на витамин Ц. Тие се – 95 мг дневно за жени и 110 мг на ден за мажи. 100% џусеви се особено практичен начин да го дополните вашето ниво на витамин Ц. Мала чаша на џус од портокал (150мл, 100% овошна содржина) е најчесто доволно да се покријат 2/3 од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Кога сте жедни и барате нешто овошно, вкусно и здраво ви препорачуваме да додадете малку минерална и или обична вода во 100% овошен џус. Така ќе имате двојна добивка: идеален начин за гаснење на жедтта и солидна доза на витамин Ц.   

Кои се овошјата кои се особено богати со Витамин Ц? Ацерола вишните, цитрусното овошје, шумските овошја и бобинки или црната рибизла која е особено богата со витамин Ц (преку 1,000 мг витамиин Ц на 100 г овошје). Баш на време пред да започне летото, јагодите се тука да нѝ обезбедат доволно сила за зајакнувањена на нашиот имунолошки систем. Многумина не знаат, но има барем исто толку витамин Ц и во ова овошје со прекрасна арома, колку што има и во портокалите и лимоните. Покрај тоа, јагодите се богати и со цинк – идеална комбинација за засилена поддршка на имунитетот.

Повеќе од Сипкан