• thumbnail

    Преглед на витамини

    < 1 Minute | 11564

Преглед на витамини

Витамините се вклучени во многу телесни процеси и извршуваат различни задачи во нашето тело без разлика дали станува збор за коските, кожата, нервите, внатрешните органи или крвта – на сите нив им требаат витамини за да можат да функционираат правилно и да останат здрави. Доброто снабдување со одредени хранливи материи го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото да се одбрани од секакви микроби. Урамнотежената исхрана, особено таа со многу овошје и зеленчук, е неопходна за ова.

Витамин А – е важен за метаболизмот, растот и видот. Згора на сѐ, овој витамин овозможува обновување на кожата и микозните мембрани па затоа се однесува како заштитно поле против вируси и бактерии. Во природата витаминот А, често се наоѓа како бетакаротен (провитамин). Жолтите и портокаловите овошја како што е мангото, кајсијата или дињата содржат многу од овој корисен бетакаротен.

Витамин Б – е всушност група од осум витамини. Сите тие се важни за нашето тело, а меѓу другото и за енергијата на метаболизмот и структурата на имунолошките клетки.

Заедно тие помагаат во  намалувањето на заморот и подобрување на работата на мозокот. Важно за вегетеријанците и веганите: Витаминот Б12 се содржи многу малку во растителните производи.

Витамин Ц – е најпознат претставник на антиоксидансите и како таков нѝ помага во борбата против слободните радикали. Тој е важен при заздравување на рани, лузни и одржување на функциите на сврзните ткива. Повеќето овошја и зеленчук содржат витамин Ц. Ацерола црешите на пример, се особено богати со витамин Ц, кој кај нив се наоѓа во поголема количина и од портокалот, лимонот, кивито и јагодата.

Витамин Д – нашиот имунолошки систем треба да контролира повеќе телесни функции. Со помош на УВБ зраците нашето тело може само да произведе витамин Д. Секојдневно сончање од околу 15-тина минути е доволно на лето. Сепак зимно време, треба да се јаде храна богата со витамин Д, како – риба, јајца, млечни производи, авокадо и печурки.

Витамин Е – како антиоксиданс кој ги растовора мастите, овој витамин овозможува заштита на клетките при имунолошки реакции. Исто така е потрбен и при создавање на антитела. Витаминот Е ги намалува воспалителните реакции и помага во спречување на артериска калцификација. Го има најмногу во растителните масла, пченичните никулци, лененото семе и јатките.

Урамнотежена исхрана која се состои главно од храна која е свежа, од растително и животинско потелко, се смета за храна која “го зајакнува имунолошкиот систем”. Покрај ова, важно е да се пие и многу вода (1,5 до 2л вода, минерална вода и незасладени чаеви) бидејќи вирусите и бактериите полесно се прилепуваат на сувата слузница на носот и грлото. Вежби на свеж воздух, надво, добар сон и избегнување на стрес е исто така од големо значење. Стресот, како и недостатокот на сон доведуваат до претоптоварување на имунолошкиот систем т.е. доаѓа до намалување на одбранбените клетки и зголемена изложеност на микроби.