100 години Rauch – 100 години стартап.

Во 1919 година, Франц Јозеф Раух ја стартуваше авантурата на својот живот. Воден од идејата да го зачува вкусот на најдобрите плодови и да го стави во шише, тој основа една мала сокара за локалните земјоделци – нешто што денес се нарекува StartUp. Со своите свежи идеи, тој секогаш беше на чекор пред своето време. Така стана пионер на овошните сокови, а малата сокара од Ранквајл стана еден од водечките производители на овошни сокови во Европа. И после три генерации, Rauchсè уште е семејна фирма. Тоа што започна пред 100 години, и ден-денес го продолжуваме со гордост и страст.

startup1919

#startup1919


Innovation Days Tour 2019

Како 100-годишен стартап во потрага по новитети, присутни сме како официјален партнер на Innovation Days во престолнините на стартапот - Виена и Берлин, како и во Форарлберг, татковината на Rauch. И во наредните 100 години сакаме да импресионираме со нашите иновации, па затоа ги бараме најдобрите решенија за иновациите со пијалаците на иднината - од производот, преку амбалажата, па сè до маркетингот. Затоа сакаме да ги активираме свежите идеи на студентите од различни области, кои во мешани тимови за 48 часа разработуваат решенија и прототипови кои уште денес ги исполнуваат барањата на утрешнината.

Tour stops

Vienna
May 16.-18.2019

Berlin
Jun 12.-15.2019

Rheintal
Nov 27.-29.2019