Правила на промоцијата - Браво пакети за дегустација

1.    Општи одредби

Правилата подолу го определуваат начинот на кој пакетите за дегустација ќе се доделуваат на учесниците, како и условите и правилата за учество. Организатор на оваа промотиција е Еуро-Грандс ДООЕЛ, од Скопје, со адреса на ул. Јадранска Магистрала бр. 62, 1000 Скопје. (од тука натаму организатор), а за изведувачот INSCRIPT, Färbergasse 15 / Schwarz 2, AT- 6850 Dornbirn (од тука натаму изведувач)

Промоцијата  ќе се изведува со помош на веб страницата на промоцијата на организаторот (https://www.rauch.cc/mk/proizvodi/bravo/promotion) и ќе трае од 12-ти Ноември до 31-ви Декември 2018. Со самото учество во оваа промоција, учесниците ги прифаќаат општите правила и услови наведени тука, и потврдуваат дека се запознати со истите, и дека ќе ги почитуваат.

2.    Цел на промоцијата

Целта на промоцијата – Браво пакети за дегустација (од тука натаму промоцијата) е да ја подигне свесноста за брендот Браво.

3.    Учесници

Секој постојан резидент на Р. Македонија може да учествува во оваа промоција, освен вработените во компанијата организатор и нивните потесни семејства. Секој може да учествува во промоцијата само во сопствено име. Сите учесници потврдуваат дека сите податоци кои ќе ги достават се нивни лични податоци и дека се согласуваат со овие правила. 

4.    Начин на учество

Учеството во промоцијата вклучува внесување на побаруваните податоци на страницата на веб сајтот. Само учесниците кои ќе ги пополнат формуларите можат да учествуваат.

Купувањето на било каков продукт на Раух, не е услов за учество во промоцијата. Сите трошоци за учество во промоцијата кои би можеле да настанат (пристап до интернет) паѓаат на терет на учесникот. Добитниците на промотивните пакети за дегустација ќе бидат известени пат на електронска пошта од страна на организаторот.

Секоја употреба на повеќекратна регистрација, со повеќе профили и/или двојни идентитети ќе биде санкционирано со исклучување од учеството во промоцијата. 

5.    Промотивни пакувања

Секој учесник во промоцијата може да биде добитник на промотивен пакет за дегустација на производи на Раух. Пакетот ќе се состои од 3 вкуса на Браво сокови во 1л тетрапак пакување. Ќе бидат поделени вкупно 10 пакети кои ќе ги добијат 10 учесници во промоцијата.

Пакетите не можат да се заменат со парична надокнада. Учесникот кој ќе го добие пакетот не може да го пренесе на трето лице.

6.    Доделување на промо пакетите и известување на добитниците

Изборот на учесници кои ќе ги добијат промо пакетите за дегустација, ќе се одвива од 3-ти до 6-ти Јануари 2019 година во просториите на организаторот на промоцијата. Од учесниците кои ги исполнуваат условите според член 4 на овој правилник, организаторот според сопствено убедување и критериуми поврзани со коментарите и податоците кои учесниците ги доставуваат, ќе избере 10 учесници кои ќе добијат по 1 пакет на промо производи за дегустација.

Организаторот и изведувачот го задржуваат правото да ги разгледаат сите објавени податоци и коментари и да ги дисквалифукуваат учесниците кои:

-       Ги прекршуваат правилата

-       Објавуваат неточни податоци, се недостапни со повратна информација до организаторот во рок од 48 часа или е невозможно да се котактираат од било која причина

-       Објавуваат коментари кои се навредливи, за било која група на граѓани или поставуваат содржина која е во спротивност со македонските закони.

7.    Испорака на промо пакетите

За да го добие промо пакетот, учесникот треба ги исполнува условите од член 3 на овој правилник и да се согласува со правилата и условите за учество според истиот. Ако бидат избрани како добитник на пакетот на промо прозводи, тие ќе бидат контактирани и треба да ги достават своите податоци (име, презиме, адреса, поштенски код, населено место) преку електронска пошта до организаторот во рок од 48 часа. Во случај да не успеат да ги достават точните податоци навремено, ќе се смета дека се откажале од добивање на промо пакетот. Во овој случај организаторот исто така ќе биде ослободен од обврската да го испорача пакетот и тој нема да биде воопшто доделен.

Пакетите ќе бидат доставувани по пат на поштенски услуги, кои ќе ги подмири организаторот на промоцијата.

Организаторот не превзема никаква одговорност за губење и оштетување на производите при нивната достава. Промо пакетот се смета за доделен по неговото доставување до адресата на избраниот учесник. Организаторот не превзема никаква одговорност за успешноста на доставата. Ако пакетот биде вратен од страна на доставувачот, односно доставата не била успешна, ќе се смета дека избраниот учесник се откажал од промо пакетот и тој нема да биде доделен.

Организаторот го задржува правото да не го додели промо пакетот ако:

-       Постои основан сомнеж околу автентичноста на доставените податоци

-       Избраниот учесник не ги исполнува условите за добивање на промо пакетот

-       Се востанови дека учесникот кој земал учество при тоа прекршил некое од правилата и условите наведени тука

-       Избраниот учесник не одговори на барањето за дополнителни информации од страна на организаторот по пат на електронска пошта во рок од 48 часа

-       Во сите останати случаи во кои доделувањето на промо пакетот би било невозможно или спротивно на постоечките законски регулативи.

8.    Задршка на одговорност

Организаторот и изведувачот не превземаат одговорност во случај на:

-       Фукционалноста или нефункционалноста на веб страницата на промоцијата

-       Било какви последици од кои учесниците би можеле да страдаат или да бидат оштетени како резултат на учеството во наведената промоција

-       За неиспорака на промо пакетите

-       Било какви последици врзани со употреба на промо пакетите

9.    Заштита на податоци

Сите лични податоци ќе бидат заштитени во согласност со наведените правила, и основните постоечки регулативи на организаторот за заштита на личните податоци. Учесниците во промоцијата се согласни дека организаторот ќе ги употребува нивните податоци во контекст на промоцијата и за нејзината сврха. Организаторот може да ги обработува горенаведените податоци во времетрањена на промоцијата. Додека нивните податоци се администрираат, учесниците имаат право да го котактираат организаторот на промоцијата во секое време на eurogrands.mk@gmail.com

10. Пристап до правилата на промоцијата

Сите учесници на промоцијата можат да пристапат до правилата и условите за учество на страницата (https://www.rauch.cc/mk/proizvodi/bravo/promotion)

11.  Останати одредби

Организаторот не превзема никаква одговорност за задоцнети или несоодветни коментари и постови. Организаторот го задржува правото на сите одлуки околу промоцијата, начинот на избирање на учесниците кои добиваат промо пакетот на производи, како и сите правила кои се финални и се однесуваат на сите учесници. Во случај на спор или нејаснотии, овие правила се примарни во однос на било каква нивна репродукција во печатена или електронска форма. Автентичната интепретација на овие правила е екслузивно определена и ја задржува организаторот.

Организаторот на оваа промоција го задржува правото да ги промени овие правила доколку го смета тоа за потребно од правни, технички или комерцијални причини. Тој ќе ги извести учесниците за сите настанати промени со поставување на известување на веб страницата на промоцијата.

За било каков спор кој би можел да настане при учеството во промоцијата, и кој не може да се разреши договорно, ќе биде одговорен основниот суд во Скопје. Овие правила стапуваат на сила на денот на кој ќе бидат усвоени.

Скопје, 08.11.2018