Мојот свет - моето кафе

На клупа во парк или за во кола? Сакаш нешто да те размрда набрзинка или да се почестиш?
Создади го светот кој го сакаш! Cafemio ти помага со 4 освежувачки вкусови со млеко директно од австриските Алпи. Флашичките од PET амбалажа лесно се отвораат и затвораат, правејќи го Cafemio совршениот партнер што и да правите.


CAFEMIO Frappuccino

Ви предлагаме чудесен рецепт за подготовка на домашно Фрапучино со само неколку состојки!

Состав:
1шише CAFEMIO Cappuccino или Macchiato
2 лажички какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
мраз
слатка павлака и парчиња од темно чоколадо.

Подготовка:
Во блендер ставете ги CAFEMIO, какао правот, ванилата и солта. Блендирајте 30-60 секунди. За погуста смеса додадете мраз и блендирајте уште 45-60 секунди. Сипете во стаклена чаша и украсете со шлаг и парчиња темно чоколадо.

CAFEMIO јогурт

Денес нешто брзо и лесно за оние што не се ранобудни. Направете си сами кафе-јогурт. Уживајте во совршеното утро кое прави совршен ден.

Состојки за две порции:
1 шише CAFEMIO Macchiato или Intenso
2 шољички јогурт.

Подготовка:
Во секоја шоља јогурт сипете по половина шише CAFEMIO по желба. Уживајте!

Cappuccino мафини

Направени со љубов во CAFEMIO кујната. Ги сакаме како закуска со кафе, за појадок или било кое време во денот.
Рецепт за 12 мафини.
Време на подготовка: 40 минути.

Состојки:
1/2 шоља шеќер
1/4 шоља кафен шеќер
1/2 шоља стопен путер
1 јајце
2 лажички прашок за пециво
2 шољи брашно
1 лажиче ванила
1/2 шоља CAFEMIO Cappuccino
1/4 шоља какао
1 шоља чоколадни парчиња.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете хартија за печење во плех за мафини. Во посебен сад соединете ги белиот и кафен шеќер и додадете го путерот. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете го јајцето, ванилата, прашокот за пециво и CAFEMIO-то и мешајте се додека состојките не се соединат добро. На крај додајте го какаото во прав, брашното и чоколадото. Наполнете го секое калапче со по 2/3 од смесата. Печете на 180 степени. Испечените мафини оставете ги да се изладат и потоа УЖИВАЈТЕ!